SYNERGY MAGNESIUM+ B6

НАЈСЕСТРАН МИНЕРАЛ НА НАШЕТО ВРЕМЕ

Што претставува Magnesium+B6?

Магнезиумот учествува во многубројни биохемиски процеси во организмот. Тој е потребен за активноста на повеќе од 300 различни ензими, особено на оние кои учествуваат во производство на енергија. Важен е за невромускулен пренос на дразбата и минерализација на коските.Тој има есенцијално значење за правилно функционирање на мускулниот систем. Помага во создавање на енергија, во процесите на згрутчување на крвта и транспорт на глукоза во клетките. Како „антистресен минерал” помага за правилна работа на нервниот систем. Поради своите базни својства ја неутрализира желуделната киселина.

Витамин Б6 има важна улога во процеси на разградување и апсорпција на белковини, јаглени хидрати и масти, нормално функционирање на нервниоот и имунолошкиот систем и има важна улога во создавањето на хемоглобинот во црвените крвни клетки. Тој ја зголемува апсорпцијата на магнезиумот во гастро-интестиналниот тракт.

Опис

Дејство на MAGNESIUM+B6

Магнезиумот учествува во регулирање на контракцијата на мускулите. При негов недостаток се јавуваат грчеви на мускулите на потколеницата. Најчесто од грчеви во мускулите страдаат жените, спортистите и повозрасната популација. Грчевите се јавуваат ненадејно, обично за време на спиењето. Кај лицата кои рекреативно спортуваат, грчеви може да се јават за време на тренингот, доколку преку потење изгубат поголема количина на течности. Најважен мускул, чија функција зависи од внесот на магнезиумот е срцето, помагајќи ја контролата на невромускулната рефлексна активност на срцето. Исто така магнезиумот го намалува и абнормалното згрутчување на крвта во срцето со што се намалува можноста за срцев и мозочен удар.

Има клучна улога во одржување на нормалната функција на нервниот систем и психолошката функција. Манезиумот придонесува во намалување на заморот и исцрпеноста.

Значаен допринос магнезиумот има во оржување на коските и забите,учествувајќи во нивната минерализација.

Учествува во синтеза на масните киселини, синтезата на протеини и метаболизмот на гликозата. Статусот на магнезиум исто така е важен за регулирање на рамнотежата на калциум преку нејзините ефекти врз паратироидната жлезда.

Организмот не може да создаде магнезиум, па затоа треба да се внесуваат доволни количини за да не дојде до недостаток на магнезиум. Неизбалансираната исхрана, различните диети за слабеење и несоодветно преработената храна може да предизвика недостаток на магнезиум. Знаците на дефицит може да вклучат брзо заморување, грчеви во мускулите на листовите, нарушена функција на мускулите, депресија и апатија.

Потребите на нашиот организам за магнезиум изнесуваат од 350 до 800 mg на ден, во зависност од возраста, полот и исхраната. Зголемени потреби за магнезиум може да се јават при:

  • Зголемен психолошки стрес (стрес, вознемиреност)
  • Зголемен физички напор (спортисти)
  • Честа употреба на лаксативи
  • При бременост и лактација
  • Деца во забрзан раст и адолесценти

Предности на SYNERGY MAGNESIUM+B6

  • Синергистичко дејство на магнезиум и витамин Б6
  • Оганската форма на магнезиумот (цитрат) која максимално се искористува
  • Едноставен за употреба
  • Лесно се поднесува
  • Без вештачки бои и засладувачи
  • Без квасец и глутен

Дополнителни информации

Состојка / Ingredients / Përbërje

Количина / Amount / Sasi

Magnesium citrate

350 mg

Vitamin B6

6 mg

Дозирање / Dosage / Dozimi

Една капсула на ден после оброк.
A capsule per day, after the meal.
Një kapsulë në ditë pas ngrënies.