SYNERGY BETA CAROTENЕ 6mg

МОЌЕН АНТИОКСИДАНС

Што претставува Beta carotene 6mg?

Бета-каротeнот е растителен пигмент од групата каротеноиди, а нашиот организам од него го создава витаминот А.

Бета-каротинот е заслужен за многубројни важни функции поврзани со нашето здравје. Тој е еден е од најважните антиоксиданси и дејствува во борба против слободните радикали и е чувар на здравјето на нашите крвни садови и срцето. Зголемувајќи го имунитетот бета каротенот е значаен во борбата против акутни и хронични инфекции.

Бета-каротинот врши заштита на телесните ткива од штетното влијание на УВ-зраците. Покрај тоа, неопходен е за создавање на пигменот меланин, смирување тегоби и помош при дегенерацијата на жолтата дамка.

Опис

НАЧИН НА ДЕЈСТВО

Дејство на Beta carotene 6mg

Бета каротенот е провитамин на витаминот А кој придонесува за одржување на нормална клеточна диференцијација, нормална функција на имунолошкиот систем, одржување на нормална кожа и мукозни мембрани, одржување на нормален вид и нормален метаболизам на железото.

Го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои можат да ја оштетат структурата на клеточните мембрани и да предизвикаат неконтролирана делба на клетките.
Со неутрализација на слободните радикали бета каротенот ја штити кожата од штетното дејство на УВ зраците и го спречува стареењето на клетките.

Истражувањата покажале дека бета каротенот со своето дејство на нервните клетки го забавува процесот на когнитивно стареење, го подобрува имунолошкиот одговор, капацитетот на белите дробови, го намалува ризикот од респираторни проблеми, вклучувајќи астма и бронхитис. Бета-каротинот го намалува ризикот од макуларна дегенерација на окото, катаракта и останати очни проблеми кои се јавуваат со стареењето. Многубројни студии укажуваат дека недостиг од овој пигмент во комбинација со недостиг од витамин Ц претставува ризик-фактор за појава на ревматоиден артритис.

Капсулите бета каротен ги надополнуваат дневните потреби од витамин А и бета катотен во пролет и лето.

Предности на Synergy Beta carotene 6mg:

  • Содржи препорачана дневна доза на бета каротен.
  • Со додавање на БИОПЕРИН во формулата на бета каротен капсулите, се зголемува апсорпцијата на бета каротен за повеќе од 60%.

Дополнителни информации

Состојка / Ingredients / Përbërje

Количина / Amount / Sasi

Beta Carotene

6mg

Bioperin® (пиперин)

5mg

Дозирање / Dosage / Dozimi

Една капсула на ден после оброк.
A capsule per day, after the meal.
Një kapsulë në ditë pas ngrënies.