Ozempic, Wegovy, Mounjaro и друга терапија за слабеење: зошто нутритивниот внес не треба да остане во втор план?

Ozempic, Wegovy, Rybelsus, Mounjaro и Zepbound се терапии кои во последните години значително го променија пристапот кон третманот на прекумерната телесна тежина и дебелината.

Нивното дејство е поврзано со намалување на апетитот и зголемување на чувството на ситост, што може да доведе до значително намалување на внесот на храна и телесната тежина.

Read more “Ozempic, Wegovy, Mounjaro и друга терапија за слабеење: зошто нутритивниот внес не треба да остане во втор план?”

Зошто балканската исхрана речиси секогаш има дефицит на Омега 3 масни киселини и како да ги надокнадите?

Колку Омега 3 масни киселини навистина внесувате?

Повеќето луѓе мислат дека внесуваат доволно омега 3 масни киселини, но всушност се далеку под препорачаните дневни количини. Направете го тестот за 30 секунди.

Read more “Зошто балканската исхрана речиси секогаш има дефицит на Омега 3 масни киселини и како да ги надокнадите?”

Подготовка за бременост: што му е потребно на телото пред зачнување?

Кога паровите почнуваат да размислуваат за проширување на семејството, првото прашање обично е „кога“, а не „како да се подготвиме“. А сепак, токму периодот пред зачнувањето е моментот кога телото го гради темелот за здрава бременост.

Read more “Подготовка за бременост: што му е потребно на телото пред зачнување?”

Откриј од каде потекнува твојот замор

Се будиш уморен/а иако си спиел/а? Тешко се концентрираш? Постојано си под притисок и денот ти поминува во брзање?

Направи го краткиот тест

Направи го краткиот тест и откри во која категорија најмногу се препознаваш. Read more “Откриј од каде потекнува твојот замор”

Болка во зглобовите и вкочанетост наутро? Еве што навистина помага.

Ако секое утро стануваш со вкочанети колена или зглобови кои „шкрипат“ при првите чекори, не си сам. Ова се едни од најчестите знаци на остеоартритис и артроза – состојби кои со годините стануваат сè поприсутни, особено по 50-та година од животот.

Read more “Болка во зглобовите и вкочанетост наутро? Еве што навистина помага.”

Како да препознаете дека на коските им е потребна дополнителна поддршка?

Коските се живо ткиво кое постојано се обновува. Иако најчесто размислуваме за нивното здравје дури кога ќе се појави болка или повреда, вистината е дека губењето на коскената маса може да започне многу порано и да се одвива незабележливо. Затоа е важно навреме да ги препознаете знаците кои укажуваат дека е време да посветите поголемо внимание на здравјето на вашите коски.

Според International Osteoporosis Foundation (IOF), 1 од 3 жени и 1 од 5 мажи над 50 години ќе доживеат остеопоротична фрактура во текот на животот. Дополнително, во светот една остеопоротична фрактура се случува на секои 3 секунди, што ја прави остеопорозата едно од најчестите хронични заболувања кај постарата популација.

Read more “Како да препознаете дека на коските им е потребна дополнителна поддршка?”

Подобар сон и помалку стрес со Mагнезиум и Б6!

Дали некогаш сте се почувствувале како вашиот мозок да има отворено премногу ‘табови’ истовремено? Вечер е, се обидувате да се опуштите, но мислите за утрешните обврски не престануваат да вртат. 

Ова не е само замор, ова е сигнал дека вашиот нервен систем работи прекувремено. Во морето од обврски, најголемиот предизвик не е да работите повеќе, туку да научите кога да притиснете пауза. Денес откриваме како комбинацијата на Магнезиум и Б6 станува вашиот најдобар сојузник во враќањето на менталниот фокус и внатрешниот мир.

Read more “Подобар сон и помалку стрес со Mагнезиум и Б6!”

Витамин Е – тајната на природната убавина

Убавината денес не се дефинира само со шминка или козметика. Вистинскиот сјај на кожата, свежиот изглед и еластичноста започнуваат од внатрешната грижа за организмот.
Кога телото е во баланс, тоа се гледа и надвор – кожата изгледа почиста, похидрирана и помлада, косата е посилна, а лицето има природен сјај кој не може да се постигне само со надворешна нега.

Read more “Витамин Е – тајната на природната убавина”

ferrofect anemija

Анемија и недостаток на железо

Анемијата поради недостаток на железо е една од најраспространетите нутритивни состојби глобално. Според податоци на Светската здравствена организација (WHO), околу 20–25% од светската популација има намалени нивоа на железо, со највисока застапеност кај жени во репродуктивен период, бремени жени, деца и спортисти.

Read more “Анемија и недостаток на железо”

volurine

Инфекции на уринарниот тракт: Што е Escherichia coli и како да ја совладаме

Инфекциите на уринарниот тракт (UTI) се едни од најчестите бактериски инфекции, особено кај жените. Најчестиот причинител е бактеријата Escherichia coli (E. coli), која природно се наоѓа во цревата, но може да предизвика инфекција кога ќе навлезе во уринарниот систем.

Read more “Инфекции на уринарниот тракт: Што е Escherichia coli и како да ја совладаме”

Add to cart