Витаминот Д е еден од важните микронутриенти за правилно функционирање на организмот. Познат како „витамин на сонцето“, тој се создава во кожата под влијание на сончевата светлина, но нивоата на витаминот Д3 во организмот можат да зависат и од исхраната, возраста, здравствената состојба и начинот на живот.
Иако често се поврзува со здравјето на коските, неговата улога е многу поширока. Витаминот Д придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем, одржување на нормална мускулна функција и нормално искористување на калциумот и фосфорот.
Но, како да препознаете дека имате недостаток од витамин Д?
- Постојан замор и недостаток на енергија
Доколку често се чувствувате исцрпено, дури и по доволно часови сон, вреди да обрнете внимание на вашето здравје. Ниското ниво на витамин Д може да биде поврзано со замор, иако оваа здравствена сосотојба има многу можни причини и сама по себе не е доказ за дефицит на витамин Д.
- Болки во коските
Витаминот Д има важна улога во апсорпцијата и искористувањето на калциумот и фосфорот – минерали неопходни за одржување на нормална структура и цврстина на коските. Неговиот изразен и долготраен недостаток може да доведе до омекнување на коските и појава на болки.
- Мускулна слабост и непријатност
Чувството на мускулна слабост, болки или намалена мускулна сила може да биде поврзано со недоволно ниво на витамин Д. Тој е важен за нормалната мускулна функција, а неговиот недостаток може да влијае на физичката издржливост и стабилноста.
- Почести инфекции
Витаминот Д учествува во нормалното функционирање на имунолошкиот систем. Недоволното ниво може да биде поврзано со нарушена имунолошка регулација, па затоа неговата улога е важна во одржувањето на нормалната имунолошка одбрана.
- Промени во расположението
Ниското ниво на витамин Д во некои истражувања се поврзува со промени во расположението и депресивни симптоми. Сепак, оваа поврзаност не значи дека недостатокот на витамин Д е единствената или директната причина за овие состојби.
Зошто е важно да внимавате на внесот на витамин Д во зимските месеци?
Во периодот од есен до пролет, изложеноста на сончева светлина често е намалена, а со тоа и можноста организмот да создава витамин Д преку кожата. Дополнително, одредени групи на луѓе имаат поголем ризик од недоволно ниво на овој витамин:

Затоа, покрај разновидната исхрана и соодветната изложеност на сонце, важно е да се следи и нивото на витамин Д во организмот.
Synergy Vitamin D3 2000 IU – поддршка на коските, мускулите и имунитетот

Витамин Д3 (холекалциферол) е природна форма на витамин Д за човековото тело и спаѓа во групата на витамини растворливи во масти. Придонесува за нормална апсорпција и искористување на калциумот и фосфорот. Ја подобрува коскената минерализација, помага во формирање на скелетот и забите кај децата и неопходен е за нормално функционирање на паратироидната жлезда.
Предностите на природната маслена форма на витамин Д3 во капсули
Природната маслена форма на витамин Д3 во капсули овозможува внесување на витаминот во форма соодветна на неговата растворливост во масти. Оваа формулација е една од карактеристиките на Synergy Vitamin D3 2000 IU.
Дејство на Vitamin D3 2000 IU
Витаминот Д3 помага за:
- Нормална функција на имунолошкиот систем.
- Нормална мускулна функција.
- Нормална апсорпција и искористување на калциумот и фосфорот.
- Одржување на нормални коски и заби.
- Нормален раст и развој на коските кај децата.
Не чекајте симптомите да бидат единствениот сигнал!
Витаминот Д има важна улога во одржувањето на нормалните функции на организмот.
Synergy Vitamin D3 2000 IU – секојдневна поддршка на коските, мускулите и имунитетот.
Користена литература и научни извори
National Institutes of Health (NIH), Office of Dietary Supplements. Vitamin D – Fact Sheet for Health Professionals.
Consensus Statement on Vitamin D Status Assessment and Supplementation: Whys, Whens, and Hows. 2024.
Evaluation of Vehicle Substances on Vitamin D Bioavailability: A Systematic Review. 2010.
Holvik K. et al. A Randomised Comparison of Increase in Serum 25-Hydroxyvitamin D Concentration. British Journal of Nutrition, 2007.
The Efficacy of Different Vitamin D Supplementation Delivery Methods on Serum 25(OH)D. 2020.
