Откриј од каде потекнува твојот замор

Се будиш уморен/а иако си спиел/а? Тешко се концентрираш? Постојано си под притисок и денот ти поминува во брзање?

Направи го краткиот тест

Направи го краткиот тест и откри во која категорија најмногу се препознаваш.

🔎 1. Како најчесто се будиш наутро?

А) Би спиел/а уште неколку часа.

Б) Се будам, но веднаш почнувам да размислувам за обврските.

В) Станувам без многу енергија, особено ако сум прескокнал/а појадок.

Г) Станувам и веднаш сум во брзање.

🔎 2. Кога најчесто чувствуваш пад на енергијата?

А) По лошо преспиена ноќ.

Б) По напорен или стресен ден.

В) Кога долго време немам јадено.

Г) Кога имам премногу обврски една по друга.

🔎 3. Што најчесто правиш кога ќе почувствуваш замор?

А) Се обидувам да најдам време за сон или одмор.

Б) Продолжувам да работам, но сè потешко се концентрирам.

В) Земам нешто за јадење или кафе.

Г) Само продолжувам – „ќе одморам кога ќе завршам сè“.

🔎 4. Како изгледа твојот типичен работен ден?

А) Најголем проблем ми е што немам доволно време за спиење.

Б) Постојано имам нешто на ум.

В) Оброците ми се нередовни или јадам набрзина.

Г) Имам премногу задачи и премалку време.

🔎 5. Што најмногу ти недостига во текот на денот?

А) Квалитетен сон.

Б) Мир и ментална пауза.

В) Редовна и разновидна исхрана.

Г) Време за себе.

🔎 6. Која реченица најмногу те опишува?

А) „Само да се наспијам и ќе бидам подобро.“

Б) „Мозокот ми работи и кога треба да одморам.“

В) „Цел ден јадам нешто набрзина.“

Г) „Имам уште сто работи да завршам.“

А сега – провери го резултатот!

Најмногу одговори под А? 💤

Можеби ти недостига вистински одмор.

Недоволниот или неквалитетниот сон може да влијае на енергијата, концентрацијата и расположението. Квалитетниот сон е една од основите за добро секојдневно функционирање, па понекогаш најдобрата „нутритивна поддршка“ започнува токму со време за одмор.

Најмногу одговори под Б? 🧠

Твојот ден е полн со ментално оптоварување.

Постојаните обврски, рокови и стрес можат да создадат чувство на преоптовареност и замор. Покрај паузите и одморот, важно е да не се занемари ниту разновидната исхрана и соодветниот внес на микронутриенти.

Најмногу одговори под В? 🥗

Време е да обрнеш повеќе внимание на исхраната.

Нередовните оброци и едноличната исхрана можат да отежнат обезбедување на сите потребни хранливи материи. Разновидната исхрана е основа, а витамините и минералите се дел од целокупната нутритивна грижа за организмот.

Најмногу одговори под Г? ⚡

Можеби едноставно функционираш во „5-та брзина“.

Кога денот е исполнет со работа, обврски, рокови и постојано брзање, лесно е да заборавиме на паузата. Доколку долго време функционираме без доволно одмор, уморот може да стане дел од секојдневието.

Не можеме секогаш да го забавиме темпото на животот. Но, можеме да се погрижиме организмот да ги добива потребните хранливи материи.

Според анкетата на Американската академија за медицина на спиењето (AASM, 2025), кај вработените на возраст од 25 до 44 години, енергијата и квалитетот на сонот најмногу им ги нарушуваат семејните обврски и работниот стрес.

Податоците се просек за возрасните групи 25–34 и 35–44 години од споменатата анкета. Семејните обврски (54%) и работниот стрес (52%) се на врвот – токму категориите Б и Г во тестот погоре.

МЕГА B-COMPLEX – Б-витаминска поддршка кога е најпотребна

МЕГА B-COMPLEX е комплетна формула со витамини од Б-групата со висока концентрација, кои учествуваат во процесите на енергетскиот метаболизам и придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем.

Што го издвојува?

🔹 Содржи комплетен спектар на Б-витамини – Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9, Б12 и Инозитол.

🔹 Максимални концентрации на Б-витамини наменети за орална употреба.

🔹 Б-витамините учествуваат во метаболизмот на јаглехидратите, мастите и протеините, односно во процесите на создавање енергија.

🔹 Придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем и намалување на заморот и исцрпеноста.

Секој од овие витамини има своја специфична, научно призната улога:

Витамин

Друг назив

Главна улога поврзана со енергија и замор

Б1

Тиамин

Нормален енергетски метаболизам и функција на нервниот систем

Б2

Рибофлавин

Нормален енергетски метаболизам и намалување на заморот и исцрпеноста

Б3

Ниацин

Нормален енергетски метаболизам, психолошка функција и намалување на заморот

Б5

Пантотенска киселина

Нормален енергетски метаболизам и намалување на заморот и исцрпеноста

Б6

Пиридоксин

Нормален енергетски метаболизам, психолошка функција и намалување на заморот

Б7

Биотин

Нормален енергетски метаболизам и функција на нервниот систем

Б9

Фолат

Психолошка функција и намалување на заморот и исцрпеноста

Б12

Кобаламин

Нормален енергетски метаболизам, нервен систем и намалување на заморот и исцрпеноста

Инозитол

–

Придонесува кон клеточниот метаболизам и целокупната Б-комплекс формула

Бројот на официјално признати (ЕФСА) функции на секој Б-витамин поврзани со енергетскиот метаболизам, нервниот систем и намалувањето на заморот и исцрпеноста, Б12 е во предност со најшироко признато дејство.

Запомни: Kвизот не е дијагноза, а заморот може да има различни причини. Но, без оглед на тоа во која категорија се пронајде, добриот сон, разновидната исхрана, одморот и грижата за организмот се важен дел од секојдневието.

МЕГА B-COMPLEX – комплетна Б-витаминска поддршка за динамично секојдневие.

За повеќе информации, посетете ја https://synevit.net/product/synergy-bcomplex-mega/ Synevit – MEGA B-COMPLEX.

Референци

1. Европска агенција за безбедност на храна (EFSA) – Научно мислење за здравствени тврдења поврзани со витамин Б6 и придонес кон нормален енергетски метаболизам и намалување на заморот и исцрпеноста. EFSA Journal, 2010;8(10):1759.

2. Европска агенција за безбедност на храна (EFSA) – Научно мислење за здравствени тврдења поврзани со витамин Б12 и придонес кон нормалната неуролошка и психолошка функција и намалување на заморот и исцрпеноста. EFSA Journal, 2010;8(10):1756.

3. Европска агенција за безбедност на храна (EFSA) – Научно мислење за здравствени тврдења поврзани со фолат и придонес кон нормалната психолошка функција и намалување на заморот и исцрпеноста. EFSA Journal, 2010;8(10):1760.

4. Европска Комисија – Регистар на ЕУ за нутритивни и здравствени тврдења (EU Register on nutrition and health claims), согласно Регулатива (ЕЗ) бр. 1924/2006 и Регулатива (ЕУ) бр. 432/2012.

5. Национален институт за здравје на САД, Канцеларија за нутритивни додатоци (NIH Office of Dietary Supplements) – прегледи за витамини од Б-групата (тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина, пиридоксин, биотин, фолат, кобаламин).

6. American Academy of Sleep Medicine (AASM) – Sleep Prioritization Survey 2025, „Factors Impacting Sleep“ (резултати по возрасни групи, вклучувајќи 25–34 и 35–44 години), објавено ноември 2025.

Add to cart