Ако секое утро стануваш со вкочанети колена или зглобови кои „шкрипат“ при првите чекори, не си сам. Ова се едни од најчестите знаци на остеоартритис и артроза – состојби кои со годините стануваат сè поприсутни, особено по 50-та година од животот.

Зошто зглобовите со годините почнуваат да болат
Со стареењето, ‘рскавицата која ги штити нашите зглобови природно се троши. Тоа доведува до триење помеѓу коските, воспаление, отоци и ограничена подвижност. Научните истражувања покажуваат дека остеоартритисот е најраспространетото мускулно-скелетно заболување и погодува значителен дел од светската популација, особено жените и постарите лица¹.
Податоците јасно покажуваат дека застапеноста на остеоартритис нагло расте токму по 45-та, а особено по 65-та година од животот:
Кај лицата на возраст 45–64 години, скоро секоја четврта жена (23,2%) и секој шести маж (16,6%) пријавуваат остеоартритис во последните 12 месеци. Над 65 години, бројката кај жените се искачува на 48,1%, а кај мажите на 31,2%⁶.
Природна поддршка на зглобовите: улогата на хондроитин сулфат
Еден од најпроучуваните состојки за поддршка на зглобовите е хондроитин сулфатот – природна компонента која се наоѓа во ‘рскавицата, вклучително и во ‘рскавицата од ајкула. Според клиничките истражувања, хондроитин сулфатот спаѓа во групата на т.н. „бавно-делувачки“ супстанции кои не само што помагаат при симптоми како што е болката, туку може да придонесат и кон забавување на структурното пропаѓање на зглобот².
Повеќе анализи на клинички студии покажале дека хондроитинот, самостојно или во комбинација со гликозамин, дава значително подобрување и во болката и во функцијата на зглобовите кај пациенти со остеоартритис, притоа со одличен безбедносен профил³ ⁴. Дополнителни истражувања укажуваат дека хондроитин сулфатот делува преку намалување на отокот и воспалителните маркери во зглобот⁵.
Кому најмногу му треба?
Иако состојката е корисна и за спортисти и физички активни лица (за отпорност на зглобовите при напорни тренинзи), во клучната целна група остануваат:
🔹 Лица над 50-60 години со дијагностициран остеоартритис или артроза.
🔹 Оние кои чувствуваат утринска вкочанетост и болка при качување скали или подолго стоење.
🔹 Луѓе чувствителни на метеопатски промени (болка при промена на времето).
🔹 Жени во менопауза, поради поврзаниот ризик од остеопороза.
SYNERGY® Shark Cartilage 750 mg – природна формула за зглобовите
SYNERGY® Shark Cartilage 750 mg содржи екстракт од ‘рскавица од ајкула, богат со хондроитин сулфат, гликозаминогликани, колаген, калциум, фосфор и хијалуронска киселина.
| Состојка | Улога за зглобовите и коските |
| Хондроитин сулфат | Ја храни ‘рскавицата, намалува болка и оток, забавува структурно пропаѓање на зглобот |
| Гликозаминогликани | Градбени единки на ‘рскавицата, придонесуваат за нејзина еластичност |
| Колаген | Структурна поддршка на ‘рскавицата, тетивите и коските |
| Калциум | Поддршка на коскената густина и превенција на остеопороза |
| Фосфор | Заедно со калциумот придонесува за нормална минерализација на коските |
| Хијалуронска киселина | Природно „подмачкување“ на зглобот, го намалува триењето при движење |
Формулата е наменета да:
🔹 Ја храни и одржува ‘рскавицата, намалувајќи оток и воспаление на зглобовите
🔹 Помага во ублажување на болката и ја зголемува подвижноста
🔹 Го зајакнува имунитетот
🔹 Придонесува кон превенција на остеопороза кај жени во менопауза
Начин на употреба: 1-2 капсули дневно, по оброк.

Искористи ја акцијата сега
Во моментов важи 1+1 ГРАТИС на Shark Cartilage – два пакувања по цена на едно. Совршена прилика да ја вклучиш поддршката за зглобовите во секојдневната рутина без дополнителен трошок.
Оваа содржина е информативна и не претставува замена за медицински совет. Пред употреба на суплементи, консултирај се со лекар или фармацевт.
Референци
- Chondroitin sulfate alleviates osteoarthritis by upregulating HSPA8 – NCBI/PMC.
- Discrepancies in Composition and Biological Effects of Different Formulations of Chondroitin Sulfate – NCBI/PMC.
- Effectiveness and safety of glucosamine and chondroitin for osteoarthritis: meta-analysis – Springer.
- Highly purified chondroitin sulfate: literature review – Springer.
- Effects of chondroitin sulfate in the pathophysiology of the osteoarthritic joint – ScienceDirect.
- Robert Koch Institute – „12-month prevalence of osteoarthritis in Germany“ (German Health Update / DEGS1), податоци за застапеност на остеоартритис по возраст и пол.

