Кога станува збор за здравјето на коските, најчесто се зборува за калциумот и витаминот Д3. Но, постои уште еден важен витамин кој има значајна улога во тоа како организмот го користи калциумот, а тоа е витаминот К2.
Неговата улога е особено важна бидејќи помага во активирањето на протеините кои учествуваат во вградувањето на калциумот во коските, но и во механизмите кои го ограничуваат неговото несакано таложење во меките ткива.
Што е витамин К2 и зошто му е потребен на организмот?
Витаминот К е витамин растворлив во масти и постојат две главни форми – витамин К1 и витамин К2.
Витаминот К1 најчесто го внесуваме преку зелените лиснати зеленчуци и тој има важна улога во нормалното згрутчување на крвта. Витаминот К2, од друга страна, го има во одредени ферментирани намирници, како и во некои производи од животинско потекло. Неговата главна улога е поврзана со правилното искористување на калциумот во организмот.
Со други зборови, К2 помага во активирањето на протеините кои му помагаат на организмот правилно да го регулира калциумот.
Каква е врската помеѓу витаминот К2 и калциумот?
Калциумот е неопходен за цврсти коски и здрави заби. Но, организмот правилно да го искористи, важна е и улогата на други нутриенти, меѓу кои се витамините Д3 и К2.
Витаминот Д3 помага калциумот да се апсорбира од храната во цревата, додека витаминот К2 учествува во активирањето на протеините кои имаат улога во неговото вградување во коскеното ткиво.
Овој процес се одвива преку два важни протеини:
Остеокалцин – важен за коските
Остеокалцинот е протеин кој учествува во вградувањето на калциумот во коските. За да ја извршува својата функција, потребно е да биде активиран со помош на витаминот К.
MGP протеин – важен за крвните садови
Овој протеин помага во регулирање на таложењето на калциум во меките ткива, вклучително и во крвните садови. И неговата активност зависи од витаминот К. Затоа, витаминот К2 има важна улога во процесите кои ги поврзуваат здравјето на коските и крвните садови.

Витамин К2 и здравјето на коските
Нашите коски постојано се обновуваат. За да останат цврсти и здрави, потребни им се калциум, витамин Д и други важни хранливи материи.
Витаминот К2 учествува во активирањето на остеокалцинот – протеин кој помага во врзувањето на калциумот со коскеното ткиво. Токму затоа, К2 е важен дел од процесите поврзани со нормалното одржување на коските.
Неговата улога е особено интересна во комбинација со калциумот и витаминот Д3, бидејќи секој од овие нутриенти има различна, но меѓусебно поврзана функција.
Каква е поврзаноста на витамин К2 со крвните садови?
Освен за коските, витаминот К2 е важен и поради својата улога во процесите поврзани со крвните садови.
Со текот на времето, калциумот може да се таложи и во ѕидовите на артериите. Овој процес се нарекува калцификација и може да влијае на нивната еластичност. Тука важна улога има MGP протеинот, чија функција е поврзана со ограничувањето на несаканото таложење на калциум во меките ткива.
Бидејќи витаминот К2 учествува во активирањето на овој протеин, научниците ја истражуваат неговата улога во одржувањето на здравјето на крвните садови.
Каде природно се наоѓа витаминот К2?
Витаминот К2 може да се внесе преку одредени намирници, а негови најпознати природни извори се:
- Ферментирани сирења
- Јајца – содржат помали количини од овој витамин.
- Месо и млечни производи – исто така се негови природни извори.
Количината на витамин К2 во храната зависи од видот на намирницата и начинот на нејзината подготовка.

SYNERGY VITAMIN K2 80 mcg – дополнување на внесот на витамин К2
Еден од природните извори на витамин К2 е јапонската ферментирана соја Natto. Токму од неа се добива и екстрактот што се користи во SYNERGY VITAMIN K2 80 mcg.
Една таблета содржи 80 mcg витамин К2, кој учествува во активирањето на протеините важни за метаболизмот на калциумот.
Со дополнување на внесот на витамин К2, SYNERGY VITAMIN K2 80 mcg е дел од нутритивната поддршка насочена кон грижата за здравјето на коските и крвните садови.
SYNERGY VITAMIN K2 80 mcg – затоа што грижата за коските започнува и со правилно искористување на калциумот.
Рецензии:
NIH – Vitamin K Fact Sheet for Health Professionals: https://ods.od.nih.gov/factsheets/VitaminK-HealthProfessional/
https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC7230802
https://efsa.europa.eu/en/efsajournal/pub/1228 (EFSA Journal 2009; 7(9):1228, doi:10.2903/j.efsa.2009.1228)
