SYNERGY VITAMIN B12 100mcg

ЗА СИЛА, ЗДРАВЈЕ И ЕНЕРГИЈА

Што претставува B12 100mcg?

Витамин Б12 е витамин растворилив во вода и е еден од најбитните микронутритиенти кои ги добиваме од намирниците од животинско потекло.

Овој витамин учествува во низа процеси кои учествуваат во одржување на здравјето. Витамин Б12 игра важна улога во процесот на делба на клетките, допринесува за нормално функционирање на нервниот систем, учествува во метаболизмот на хомоцистеин и создавањето на енергија. Исто така овој витамин е од клучно значење за создавање на црвени крвни клетки, помага во намалување на заморот и зајакнување на имунитетот.

Витамин Б12 е апсолутно важен за доброто ментално и физичко здравје.

Опис

Дејство на B12 100mcg

Витамин Б12 е најголемиот и структурно најкомплицираниот витамин, а може да биде синтетизиран само од страна на одредени пробиотски бактериски видови.

Витаминот Б12 учествува во создавањето на ДНК , генетски материјал на клетката. Заедно со другите Б витамини учествува во формирањето на црвените крвни клетки. Тој ја потпомага функцијата на мозокот (помнење и фокусирање), имунолошкиот систем, производството на енергија и метаболизмот на мастите, јаглехидратите и протеините. Придонесува за нормалната работа на кардиоваскуларниот систем со одржување на нормални нивоа на хомоцистеин.

Тој е круцијален за одржување на нервниот систем и за спречување на оштетувањето на миелинските обвивки, изолацискиот материјал кој што ги обвиткува нервните клетки.

На децата им е потребно постојано снабдување во витамин Б12 за здрав развој на нивниот имунолошки и нервен систем.
Апсорпцијата на витамин Б12 е комплексен процес кој зависи од низа фактори. Недостаток на некој од факторите може да доведе до дефицит од овој витамин. Овој сложен процес на апсорпција е примарно зависен од адекватна синтеза и секреција на внатрешниот (intrinsic) фактор од страна на клетки на желудникот, но и низа други локално присутни фактори: соодветен состав и киселост на желудечниот сок, соодветен состав на панкреатичниот сок, интактност на цревната мукоза како и соодветна микрофлора.

Дефицитот на витаминот Б12 е најчесто предизвикан од внесување на негово мало количество, но исто така може да биде предизвикано од малапсорпција, одредени цревни нарушувања, мала концентрација на врзувачки протеини и употреба на одредени лекови.

Витамин Б12 речиси и да нема растителни извори, па вегетаријанците се со поголема веројатност да страдаат од негов дефицит. Децата се во поголем ризик од дефицит ако се родени од мајки кои не консумираат месо. Повозрасните лица и сите оние на кои што им треба подобрување на помнењето, концентрацијата и менталната бистрина имаат потреба од дополнително внесување на витамин Б12.

Витамин Б12 100mcg сублингвални таблети се препорачува кај:

  • лица со мегалобластна анемија
  • при тотална или субтотална гастректомија
  • лица со недостаток на интризинг факторот
  • алкохолизам
  • вегани и вегетаријанци
  • лица кои употребуваат ампуларна форма на Б12.

Поради различни прехрамбени, физиолошки и животни фактори недостатокот од витамин Б12 е вообичаен и чест проблем што може да доведе до: анемија, ментална замагленост, слабо помнење и концентрација, замор, иритација, чувство на апатија и недостаток на мотивација, променливо расположение, слабост во мускулите или проблеми со спиењето.

Недостатокот од овој витамин исто така може да придонесе за слабеење на имунитетот и повторени инфекции, оштетување на миелинските обвивки на нервните клетки, дефекти при раѓањето, губење на слухот поврзано со стареењето, или зголемени нивоа на хомоцистеин и зголемен ризик од кардиоваскуларни проблеми.

Предности на Synergy Vitamin B12 100mcg

  • Една сублингвална таблета Synergy Витамин Б12 содржи 100mcg вит.B12 која се раствора под јазик и витаминот директно стигнува во крвотокот со што се зголемува неговата апсорпција и ефикасност.

Дополнителни информации

Состојка / Ingredients / Përbërje

Количина / Amount / Sasi

Cyanocobalamin

100 mcg

Дозирање / Dosage / Dozimi

Една таблета на ден да се растопи под јазик.
A tablet per day (It should be kept under the thong, until fully dissolves)
Një tabletë në ditë të shkrihet nën gjuhë.